Search

Само антиевропскиот Мицкоски се радува на постапката на Бугарија, ДПМНЕ да не одмага

Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

 

„Одлуката за неодобрување на преговарачката рамка за Република Северна Македонија од страна на Бугарија, наиде на осуда и несогласување од целата Европска Унија, од целиот демократски свет.
Но таквата постапка на Бугарија, наиде на радост, на славје и еуфорија во ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски. Со овој чин, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски повторно го покажаа своето деструктивно, антидржавно и антиевропско лице.
Токму така се однесуваа и кога се носеа реформите важни за иднината на државата. Така се однесуваа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кога се обидоа да го кочат влезот во НАТО, кога застанаа на спротивната страна од државните и национални интереси.

Доколку има барем малку одговорност за интересите на граѓаните во белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ, да престанат да се радуваат на тешките моменти во кои се наоѓа државата. Ова е момент кога одредени национални прашања ги надминуваат границите на обичните партиски пресметки.
Ако веќе не сакаат и не можат да помогнат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека не одмагаат.
Не им успеаја блокадите да се врати демократијата и слободата во нашата држава. Не им успеаја очајните обиди со блокади и деструкција да го загрозат пристапувањето во НАТО. Нема да им успеат ниту овие обиди, заради ситен партиски профит, да ја оддалечат државата од интеграција во ЕУ.

Македонскиот народ, сите наши граѓани се големи и во мака и во радост. Од овој тежок момент на кој само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се радуваат, ќе излеземе уште поголеми, помудри и посилни.
Ниту една блокада, ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат европската иднина на Северна Македонија и нејзините граѓани. Република Северна Македонија и нејзините граѓани немаат друга алтернатива освен полноправно членство во ЕУ. Во духот на дијалогот, со силата на аргументите продолжуваме да бараме решение, со крајна цел, почнување на преговори за членство во Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави