Search

Самоубиствен напад врз американскиот конвој во Авганистан

Американски воен конвој бил цел на самоубиствен напад на автопатот Кабул-Пактија во Авганистан, пренесува „Спутник“. Нема информации за жртви, а американската армија досега не ги коментираше извештаите.

Кон крајот на октомври, авганистанскиот претседател Ашраф Гани предложи мировен план во седум точки, кој повикува на одделни разговори со САД и НАТО, со талибанското движење, со Пакистан и со регионалните и меѓународните партнери и организации. Исто така,планот  предвидува зајакнување на институциите на национално ниво и решавање на поплаките на локално ниво.

Веќе една година САД и Талибанците се обидуваат да преговараат за мировен договор што ќе вклучува и повлекување на странски трупи од Авганистан во замена за уверувањата во борбата против тероризмот. Меѓутоа, Авганистан не е вклучен во разговорите затоа што Талибанците одбиваат да водат дијалог со авганистанските власти.

Претходно во септември, ескалацијата на насилството го натера Вашингтон да ги прекине разговорите со Талибанците. Со мировните преговори во неизвесност, Талибанците постојано го тероризираат Авганистан со бунтовници и со насилство. Како одговор, владата почна специјални операции за елиминирање на безбедносните закани во гласачките места.

Треба да знаете
Последни објави