Search

Самостојна изложба на Африм Спахиу во Чифте амам

Самостојна изложба на уметникот Африм Спахиу ќе биде отворена на 18 април, со почеток во 19 часот, во Чифте амам.

Африм Спахиу е исклучително значаен автор за историјата на македонската уметност, тој е основоположник во сферата на современиот балкански филм – директор на фотографија и истакнат фотограф во регионот со редица самостојни изложби во значајни галериски простори во регионот и пошироко.

Oва е негова прва голема презентација во Македонија, каде што ќе бидат изложени дела од изминатите речиси педесетина години од неговото творештво.

Африм Спахиу е професор, фотограф и продуцент на уметноста. Роден е во Дебар на 3 мај 1951 година. Дипломирал на Академијата за театар, филм и телевизија на Универзитетот во Загреб, во класата на професорот Никола Танхофер.

Работел во Радио-телевизија Приштина и како директор на фотографија во „Косовафилм“. Тој е директор на фотографија на повеќе од 15 филмови од 1977 година до денес. Добитник е на неколку награди.

Живее и работи во Приштина.

Опусот на Спахиу опфаќа широк дијапазон на тематски преокупации, диверзни технички пристапи и идејни цели на реализација на осетливата светлина на хартијата. Тој го фотографира сето она што го опкружува притоа обидувајќи се колку што е можно да ја остави класичната функција или предметната уметност за себе, целејќи да реализира што поапстрактни состави кои нема да ја прекинат врската со реалноста, туку напротив ќе ја истакнат уште повеќе, но од една друга димензија и перспектива која во одрдени дела може да се третира како метафизичка.

Треба да знаете
Последни објави