Search

Самит за спречување на сексуалната злоупотреба во Ватикан

Во организација папата Франциско, утре во Рим почнува самит посветен на спречувањето на сексуално злоставување во рамките на Католичката црква.

Целта на самитот е да се соберат католички верски лидери од целиот свет на обука, која ќе им помогне како да се носат со случаи на сексуално злоставување во кои е вмешано свештенството.

Многу католички лидери ширум светот продолжуваат да го штитат угледот на Црквата, негирајќи дека свештеници силуваат деца и ги дискредитираат жртвите, а и самиот папа признава дека направил слични грешки.

Меѓутоа, папата Франциско го смени мислењето и со себе ги поведе и останатите црковни великодостојници, кои ќе присуствуваат на овој вонреден самит.

На самитот ќе учествуваат околу 190 претседатели на бискупски конференции.

Треба да знаете
Последни објави