Search

Самитот „Вишеград 4“ прекинат поради израелските “расистички” коментари

Историските тензии повторно се зголемија откако Полска се повлече од разговорите во Ерусалим по расистичките” коментари од новиот израелски шеф на дипломатија кој ги ‘вовлече’Полјаците во антисемитизмот и Холокаустот, што резултираше со откажување на самитот Вишеград 4“, пренесува РТ.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во понеделникот му постави ултиматум на Израел велејќи Полска ќе се повлече од разговорите на В4 што требаше да се одржат денес во Ерусалим ако Тел Авив не се извини за коментарите.

Кусо потоа, чешкиот премиер Андреј Бабиш објави дека самитот нема да се одржи без учество на Полска и дека ќе биде заменет со билатерални разговори меѓу останатите земји.

Привремениот министер за надворешни работи на Израел, Израел Кац, ги изрече контроверзните коментари во неделата по неговото назначување на позицијата. Во разговор со израелски i24, тој ги повтори претходните тврдења на Нетанјаху за соработката на Полска со нацистичка Германија, па дури и ги зајакна со цитат од поранешниот израелски премиер Јицак Шамир дека секој Полјак го цица антисемитизмот со мајчиното млеко”, додавајќи дека , „никој нема да ни каже како да го изразиме нашиот став и како да ги почитуваме мртвите”.

Моравјецки ги нарече коментарите расистички и неприфатливи, поставувајќи го својот ултиматум со ветување дека нема да остане должен за навредата. Како одговор на навредливата изјава, израелскиот амбасадор во Варшава, Ана Азари, вторпат неделава беше повикана од полското Министерство за надворешни работи.

Овие настани се најновиот развој во тековните тензии меѓу Израел и Полска. Односите страдаат откако Полска го усвои контроверзниот Закон за Холокаустот минатата година, со кој се забранува вмешување на полската влада во историските злосторства на нацистичкиот режим.

Треба да знаете
Последни објави