Search

Салернитана бара спас во Несторовски

Салернитана која се бори за опстанок во калчото, има интерес за Илија Нестровски, клубот, кој е последен на табелата со 10 бода од 21 меч, сака нов напаѓач.

Клубот е од оваа сезона во Серија А, и се бори за опстанок, има само 13 гола досега во калчо лигата, Несторовски е нивно решение за нападот.

Засега нема реакција од Удинезе.

Македонскиот репрезентативец има мала минутажа во Серија А, по долгата пауза поради повреда, па веројатно ќе бара нов клуб.
За Несторовски има интерес и од неколку италијански второлигаши, па речиси сигурно ќе си замине од Удине.

Нашиот напаѓач се надева на кам-бек во репрезентацијата за мартовскиот бараж против Италија што ќе се игра на 24. март во Палермо, град што Несторовски одлично го познава, откако беше член на Палермо и со него играше во Серија А.

Треба да знаете
Последни објави