Search

Салвини побара итно одржување предвремени избори во Италија

Вицепремиерот на Италија и лидер на екстремно десничарската партија Лига, Матео Салвини побара што поскоро да се одржат предвремени парламентарни избори во Италија.

Салвин во коминике нагласува дека му кажал на премиерот Џузепе Конте дека е прекинат сојузот меѓу владејачката партија Лига и Движењето Пет Sвезди и дека гласачите треба да можат брзо да го направат својот избор.

Според Салвини, собраниската седница може да се свика следната недела за да се преземат неопходните процедурални чекори.

Треба да знаете
Последни објави