Search

Салвини: Не сакаме да се расправаме со Франција

Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Саливини денеска изјави дела Италија не сака да се расправа со Франција.

– Не сакаме да се расправаме со никого. Не сме заинтересирани за полемизирање, изјави Салвини во реакција на најавата на француското Министерство за надворешни работи дека Франција го повлекла на консултации во Париз својот амбасадор во Рим, Кристијан Масет поради „напади без преседан од страна на Италија”.

Салвини, кој е лидер на десничарската партија Лига, нагласи дека би бил „многу среќен” доколку се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон за да разговараат за „прашања од нивна надлежност”.

Ке Д’Орсеј претходно денеска соопшти дека одлуката за повлекувањето на амбасадорот била донесена затоа што „Франција веќе неколку месеци е цел на неосновани напади” од италијанска страна, какви што Париз „не видел уште од времето на Втората светска војна”.

Салвини, заедно со вториот италијански вицепремиер
и лидер на популистичкото антисистемско Движење пет ѕвезди (М5С), Луиџи ди Мајо досека во повеќе наврати го критикува Макрон во врска со многу актуелни прашања, што, според Париз, „наметнува прашања за намерите на италијанската Влада кон Франција”.

Треба да знаете
Последни објави