Search

Салвини: Италија веќе нема да ги прифаќа сите мигранти што ќе пристигнат во Европа

Италијанскиот популистички министер за внатрешни работи, Матео Салвини, во писмо до францускиот министер за внатрешни работи, Кристоф Кастанер,изјави дека неговата земја веќе нема да ги прифаќа сите мигранти што ќе пристигнат во Европа, пренесува „Франс инфо“.

„Изборите направени само во Париз и Берлин се доволни, Италија веќе не е подготвена да ги прифати сите имигранти кои пристигнуваат во Европа. Франција и Германија не можат да одлучуваат за политиките за миграција, игнорирајќи ги барањата на најзагрозените земји како Италија и Малта”, му напиша Салвини на својот француски колега.

Писмото беше испратено еден ден пред состанокот на министрите за внатрешни и за надворешни работи на ЕУ во Париз, на кој 14 земји-членки се сложија со нов механизам за солидарност за да им дозволат новите мигранти да заминат во разни земји-членки по пристигнувањето во ЕУ.

Салвини не присуствуваше на состанокот и претходно ја истакна важноста од обезбедување надворешна граница на ЕУ за да се спречи масовната нелегална миграциј.

Францускиот претседател Емануел Макрон го објави новиот договор, велејќи:

„Заклучокот од состанокот е дека, во принцип, 14 земји-членки во оваа фаза изразија согласност со француско-германскиот документ.

Макрон не излезе со детали за договорот.

На претходниот состанок во Хелсинки, и Италија и Малта предложија создавање привремени центри за прием во земјите што граничат со оние од каде што заминале мигрантите, велејќи дека тоа ќе биде појдовна точка за какви било нови преговори.

Состаноците доаѓаат во време кога бројот на мигранти што се обидуваат да го преминат Медитеранот се зголеми, а со тоа се зголемија и активностите на невладините организации за транспорт на мигранти, како што е „Си воч“, чии капетани Карола Ракете и Пиа Клеп се под истрага во Италија за помагање на нелегалната имиграција.

Двете германските државјанки се соочуваат со затворски казни до 20 години ако бидат прогласени за виновни за помагање на нелегалната миграција. Претходно овој месец, Рекет побара од Европа да ги преземе сите мигранти кои моментално се во Либија, проценувајќи дека нивниот бројот ќе биде околу половина милион луѓе.

Треба да знаете
Последни објави