Search

Салвини: Владата ќе преживее, имаме уште четири години соработка

Италијанскиот министер за внатрешни работи и лидер на десничарската лига, Матео Салвини, денеска изјави дека владејачката коалиција пред себе има уште четири години работа, и дека треба да се избегнат вонредни избори.

„Можам да ви кажам дека сум посветен на опстанокот на владата, но за танго се потребни двајца”, рече Салвини.

Двете водечки партии во коалицијата се судрија минатата недела, откако започна истрага за економскиот советник на Салвини, Армандо Сири, според „Блумберг“.

Според агенцијата, водачот на Движењето со пет ѕвезди и вицепремиерот Луиџи ди Мајо тогаш побарал оставка од Сири.

Десничарската партија Лига, сепак, го поддржа Сири, нагласувајќи дека има „голема доверба” ​​во него.

Салвини изрази уверување дека владата ќе преживее и дека има знаци на закрепнување во италијанската економија.

Според анкетата за јавното мислење, десничарската Лига има 36,9 отсто поддршка од граѓаните, што е речиси 15 отсто повеќе од Движењето со пет ѕвезди.

Треба да знаете
Последни објави