Search

Салвини: Ако не биде прекинат миграцискиот бран ќе поставиме физички бариери

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Италија Матео Салвини изјави синоќа дека не е исклучено подигнување „физичка преграда” на североисточната граница заради спречување на миграциски бран.

– Се активира миграцискиот поток преку балканската рута. Од јули ќе воведеме патроли долж границата заедно со Словенија. Но, ако миграцискиот бран не биде прекинат, во краен случај не исклучуваме изградба на физички бариери, како што тоа го направија и во некои европски земји, изјави Салвини.

Во Италија по наредба на Салвини е забрането впловување во пристаништа на бродови со спасени мигранти во Медитеранот.

Треба да знаете
Последни објави