Search

Салах му ја стресе клупата на Бенитез, а за Ливерпул најавува дека ќе жнее трофеи

Мохамед Салах беше расположен за игра и е меѓу најзаслужните што Ливерпул славеше како гостин во градската пресметка против Евертон (1:4) во 14. коло од англиската премиерлигашка конкуренција. „Црвените“ со овој убедлив триумф му ја разнишаа клупата на Рафаек Бенитез кај Евертон, чии навивачи своето разочарување го покажаа кога почнаа да го напуштаат „Гудисон Парк“ после 20 минути при водство на „црвените“ од 0:2.

Салах постигна два гола, најпрво во 19 минута за 2-0  и во 64 минута за 3-1.

-Пораката од менаџерот беше дека ќе играат физички силни и ќе одат 100% за секоја топка. Требаше само да ја играме нашата игра и да се обидеме да создаваме шанси, што и го направивме. Очекував од него [Колман] да направи грешка што и направи. Натпреварот беше тежок при 2-1, но при 3-1 беше многу подобар -рече Салах кој веќе има 19 голови за „црвените“ сезонава и се надева дека ќе продолжи на таков начин, но и дека ќе освои голема титула.

-Се надевам на уште многу голови. Мојата прва цел е да освојам нешто со клубот во Премиер лигата, Лигата на шампионите. Се надевам дека и двете -рече репрезентативецот на Египет кој со два збора даде коментар и за неодмана доделеното седмо место во трката за „Златната топка“, која ја доби Лионел меси, а во фудбалските кругови  од понеделникот е актуелна тема.

-Немам коментар -порача Мо кој потоа сепак рече дека се надева дека ќе биде повисоко пласиран следната година.

Треба да знаете
Последни објави