Search

Салах може да се врати во Англија, не може да игра против Лестер

Мохамд Салах, со еден негативен ПЦР-тест ќе може да се врати во Англија, но нема да може да настапи против Лестер во недела.

Напаѓачот на Ливерпул веќе неколку дена е во самоизолација, во Египет. Салах бил тестиран на собирот на националниот тим.

Салах ќе добие дозвола да се врати во Англија, доколку има еден негативен тест, но ќе мора да биде до понеделник во карантин, дури и доколку пред да го напушти Египет и вториот тест му биде негативен.

Ливерпул, во дербито на колото, ќе го пречека Лестер во недела од 20:15 часот.

Треба да знаете
Последни објави