Search

Саеб Ерекат примен во болница откако му се влошила состојбата со коронавирусот

Високиот палестински функционер и преговарач Саеб Ерекат, кој е заразен со коронавирус, синоќа бил префрлен во болница во Ерусалим, откако му се влишила здравствената состојба.

Израелските власти му дале дозвола на Ерекат (65) да биде хоспитализиран во израелската болница „Хадасах” во Ерусалим, откако во последните неколку дена дошло до влошување на неговата здравствена состојба.

Ерекат побарал да биде примен во израелската болница и покрај влошените палестинско-израелски односи поради планот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, со кој на Израел му се овозможува да анектира големи делови на Западниот брег

Ерекат е долгогодишен советник на палестинскиот претседател Махмуд Абас и е главен палестински преговарач во последните мировни разговори.

Американските медиуми потсетуваат дека Ерекат има историја на заболување на белите дробови и дека во 2017 година имал трансплантација на бели дробови во САД.

Од почетокот на пандемијата на палестинските територии и на Западниот брег окупирани од Израел регистрирани се повеќе од 58. 000 случаи на инфицирани со коронавирус и 474 смртни случаи поврзани со Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави