Search

САД ќе ја затворат амбасадата во Багдад доколку продолжат ракетните напади

САД денеска го предупредија Ирак дека ќе ја затворат својата амбасада во Багдад, доколку владата не преземе брзи и решителни чекори да ги прекине  ракетните и други напади од проирански милитанти и други вооружени групи врз нивното и сојузничкото присуство во земјата, соопштија ирачки и други официјални претставници.

Американски службеник, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека биле предупредени и ирачкиот претседател и премиерот, но дека не станува збор за неизбежен ултиматум, пренесоа американските медиуми.

Предупредувањето од администрацијата на американскиот претседател укажува на зголемената фрустрација и бес поради континуираните ракетни напади од проирански групи врз американската Амбасада во Багдад или нејзината околина, додека САД го зголемуваат притисокот врз Иран со повторно воведување санкции.

Американскиот државен секретар ,Мајк Помпео, оваа закана за евакуација на амбасадата прво му ја упатил на претседателот на Ирак во телефонски разговор во вторникот, а потоа во саботата и на ирачкиот премиер.

САД се уште немаат издадено официјално предупредување за затворање на амбасадата во Багдад.

Ирачки милитантни групи денеска изведоа нов напад во Багдад, последниот во низата ракетни и минофрлачки напади врз американсото присуство во Ирак, вклучувајќи ја и американската Амбасада во Зелената зона.

Треба да знаете
Последни објави