Search

САД ќе одвојат 100 милиони долари за унапредување на односите со АСЕАН

Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави дека Вашингтон ќе одвои 100 милиони долари за унапредување на односите со Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН).

На виртуелниот самит на АСЕАН, на кој американски претседател учествува првпат од 2017 година, Бајден изјави дека парите ќе бидат наменети за здравство, нова иницијатива за климата, програми за образовна и економска помош за економско закрепнување од корона пандемијата.

Бајден ги нарече односите на САД со АСЕАН „суштински”.

Членки на АСЕАН се Филипини, Индонезија, Малезија, Сингапур, Брунеи, Мјанмар, Тајланд, Лаос, Виетнам и Камбоџа.

Треба да знаете
Последни објави