Search

САД ќе бараат Советот за безбедност на ОН да го признае Гуаидо за претседател на Венецуела

Американскиот државен секретар Мајк Помпео утре ќе го извести Советот за безбедност на ОН за ставот на САД по повод случувањата во Венецуела и ќе побара од членките на тоа тело да го признаат Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела, соопшти денеска Стејт департментот.

Вашингтон вчера побараа итен состанок на Советот за безбедност откако САД и некои други држави го признаа Гуаидо за претседател и го повикаа венецуелскиот претседател Николас Мадуро да му ја предаде власта.

Русија од друга страна му изрази официјална поддршка на Мадуро и повика на мирно решавање на кризата во Венецуела.

Треба да знаете
Последни објави