Search

САД ја предупредија и Унгарија: Спречете го „Хуавеј“ во вашата земја

САД ќе бидат принудени да го намалат опсегот на некои операции во Европа и на други места ако државите од тие подрачја продолжат да соработуваат со кинеската компанија „Хуавеј“, рекол американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во текот на посетата на Унгарија.

„Хуавеј“ е присутен и во Унгарија, а Помпео рекол дека на премиерот Виктор Орбан и на други функционери ќе им објасни дека соработката со таа компанија претставува ризик за информационата безбедност и приватноста и дека би можела да осуети соработка со САД.

„Асошиејтед прес“ наведува дека САД се загрижени за ширењето на „Хуавеј“ во Европа, особено во членките на НАТО, како што е Унгарија, затоа што ја сметаат компанијата за голема закана.

„Унгарија е суверена држава. Носи сопствени одлуки. Важно е со нив да ги споделиме сознанијата кои ги имаме за ризикот кој го претставува присуството на ‘Хуавеј’ во нивните мрежи, вистински ризици за народот. Постојат ризици дека Кина може да ги употреби податоците на народот на начин кој не е во најдобар интерес на Унгарија. Имаме обврска да го споделиме тоа со нив и тоа и ќе го направиме. Тоа, исто така, создава проблеми за американското присуство, односно ако таа опрема е присутна таму каде што има важни американски системи, ни отежнува да бидеме партнери“, рекол Помпео, пренесува АП.

САД во повеќе наврати ја обвинија Кина дека користи технологија за крадење на тајни и за шпионирање, додека Пекинг демантира и порача дека САД сакаат да ја задушат конкуренцијата.

Треба да знаете
Последни објави