Search

САД успешно тестираше нова ракетна одбрана

Американската војска соопшти дека успешно го тестирала новиот систем за противракетна одбрана.

Системот е претставен како пресвртница и потврда на способноста на САД да одговорат на сите ракети од среден дострел, што би биле лансирани од земји како што е Северна Кореја, пренесува Ројтерс.

Системот кој се користи во најновото тестирање има вградено пресретнувачи СМ-3 IIA, кои се развиени со заедничко вложување на компанијата „Rejteon“ и јапонската компанија „Мицубиши“, која е специјализирана за т.н. тешка индустрија.

Овие пресретнувачи исто така ќе бидат дел од системот за одбрана на „Aegis“ во Романија и Полска.

Дел од ракетениот штит во Полска се очекува да биде оперативен во 2020 година.

Соединетите Држави започнаа ракетен штит во Романија во 2016 година, што ја налути Русија, пишуваат медиумите во САД.

Во почетокот на декември, Америка постави рок од два месеци за Русија да се врати на спроведувањето на Договорот за забрана на ракети со среден и краток дострел, или во спортивно САД ќе го суспендира своите обврски според овој Договор.

Треба да знаете
Последни објави