Search

САД: Суд блокираше изградба на ѕидот кон Мексико

Суд во САД нареди администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да престане да ги користи парите од фонд на Министерството за одбрана за изградба на ѕид на американската јужна граница со Мексико.

Судот смета дека Конгресот на САД не дал „специфична” дозвола на администрацијата да ги искористи парите за изградба на граничен ѕид.

Со одлука на судот, Администрацијата Трамп повеќе нема да може да ја користи милијарда долари што е доделена од Фондот за Министерството за одбрана.Одлуката се однесува на два дела на ѕидот – во Њу Мексико, 74 километри, а во Аризона, осум километри.

Треба да знаете
Последни објави