Search

САД спречи два танкери со иранска нафта за Венецуела

Американската администрација успеа да спречи два танкери кои пренесувале иранска нафта кон Венецуела, објави „Фокс њуз“.
Според наводите на тој медиум, во прашање се танкери во сопствеништво на Грција кои пловат под либериско знаме.

Одлуката да се откаже застанувањето во венецуелското пристаниште дошла откако американски претставници се заканиле со остри санкции, јавува „Фокс њуз“, повикувајќи се на извори од Стејт департментот.

Првите од најавените пет танкери впловија во венецуелското пристаниште во неделата, по што владата на Николас Мадуро објави дека уште два брода ја пробиле американската блокада, иако морнарицата на САД соопшти дека нема на сила да ја спречи испораката.

Американците протестираа поради извозот на иранска нафта на Венецуела, бидејќи двете држави се опфатени со казнени мерки, кои ги воведе администрацијата на Трамп.

Каракас и Техеран остро ги предупредија САД дека ќе одговорат на каков било обид за спречување на танкерите да ја истоварат нафтата во Венецуела. Администрациујата на Трамп и ривалот на Мадуро, Хуан Гваидо, тврдат дека нафтата е платена со „крваво злато“.

Треба да знаете
Последни објави