Search

САД со рекорден број на заразени, Фаучи предупредува дека дневно може да има 100.000 нови случаи

„САД одат во погрешна насока и може да ни се случи да имаме 100.000 нови случаи на инфекција со коронавирус на ден“, изјави Ентони Фаучи, водечки американски експерт за заразни болести.

„Ние одиме во погрешна насока и очигледно е дека не ја контролираме ситуацијата. Јас не би се изненадил ако имаме 100.000 нови случаи на инфекција на ден”, рече Ентони Фаучи за време на сослушувањето во Сенатот на САД.

Тој е најзагрижен за ситуацијата во Флорида, Тексас, Калифорнија и Аризона, бидејќи скоро 50 отсто од новите случаи во САД потекнуваат од тие четири држави.

Во понеделникот имало 41.000 нови случаи на инфекција во земјавата, а бројката во вторникот се зголемила на 45.000, што е најголемо дневно зголемување на нови случаи од почетокот на пандемијата.

САД се најпогодената земја во светот од пандемијата на вирусот корона со 2.727.300 заразени и 130.106 мртви.

Треба да знаете
Последни објави