Search

САД со предупредување за авионите кои летаат над Персискиот Залив

Федералната администрација за воздухопловство ги предупреди американските комерцијални авиони кои летаат над водите на Персискиот Залив, дека ризикуваат да бидат погрешно идентификувани во услови на зголемени тензии меѓу САД и Иран.

Во советодавниот документ се наведува дека постои  зголемен ризик за непредвидливи ризици за операциите на американската цивилна авијација поради потенцијалот за погрешно пресметување или погрешно идентификување.

Претходно, САД нареди зајакнување на американските воени средства на Блискиот Исток и Персискиот Залив поради можните закани од Иран.

Од друга страна, Иран го обвини Вашингтон за неприфатлива ескалација на тензиите.

Треба да знаете
Последни објави