Search

САД со осуда за Русија за кибер нападите во Грузија

– САД ја осудија Русија поради кибер нападите во Грузија извршени лани во октомври.

Како што се истакнува во изјавата на државниот секретар Мајк Помпео, на 28 октомври 2019 година, Главната разузнавачка управа (ГРУ) на Генералниот штаб на вооружените сили на Русија, извршила масовни кибер напади во Грузија, што резултирало во големи штети за граѓаните на земјата.

-Овој акт противречи на тврдењата на Русија дека таа е одговорен играч во кибер просторот со повторна демонстрација на неодговорни кибер активности на ГРУ против други земји, изјави Помпео.

Се додава дека целта на овие акции е креирање нестабилност и поткопување на демократските институции.

САД ветуваат помош до Грузија и граѓаните на земјата во зацврстување на безбедноста во кибер просторот и противмерки за злонамерните актери. Како и помош во проширување на техничките можноста на земјата за одбрана на државните институции од слични злонамерни активности, се вели во денешното соопштение од државниот секретар.

Треба да знаете
Последни објави