Search

САД: Се намалуваат исплатите за компензација на жртви од нападот од 11 септември 2001 година

На Фондот за компензација на жртвите од терористичките напади од 11 септември 2001 година во САД му недостигаат пари и во иднина компензациите ќе бидат пониски за 50 до 70 отсто.

Директорката на тој фонд, Рупа Батачарја изјави дека е свесна колку ситуацијата не е фер, но истакнува дека префереира сите да добијат некоја сума пари наместо одделни жртви да останат без компензација.

Околу 40.000 луѓе се пријавени за компензација, а околу 19.000 барања и понатаму се разгледуваат. Од тој федерален фонд досега се исплатени пет од 7,3 милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави