Search

САД размислуваат за прва нуклеарна проба после 28 години

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во изминатите недели размислувала дали да изврши нуклеарна проба, прва после 28 години, извести „Вашингтон пост”, повикувајќи се на добро упатени извори.

Прашањето било покренато на состанокот на раководните луѓе на националните безбедносни служби на САД, по обвинувањата од Белата куќа дека Русија и Кина спроведуваат нуклеарни проби со низок интензитет.

На состанокот не била донесена конечна одлука по ова прашање, но учесниците биле согласни на заканите од Кина и Русија да се одговори со други мерки, а засега да не се вршат нуклеарни проби.

Треба да знаете
Последни објави