Search

САД подготвуваат нови санкции против „Северен тек 2″

Членовите на Конгресот на САД се согласија да воведат нови санкции против гасоводот „Северен тек 2″, објави Волстрит џурнал. Според изданието, мерките што следуваат може да се претворат во „победа” за двајца украински лобисти.

Вадим Гламаздин од украинската компанија „Нафгогаз” и Александар Карченко од Советот за национална безбедност на Украина веќе четири години се обидуваат да ја убедат администрацијата на Доналд Трамп да воведе санкции.

Лобирањето на Украинците и поддршката на сенаторот Тед Круз доведоа до прекинување на изградбата на „Северен тек 2″ минатата година по воведени ограничувачки мерки.

За да се заврши гасоводот, потребно е повторно да се опреми бродот за поставување цевки „Академик Черски” за работа со цевки со поголем дијаметар. Според американскиот весник, новите санкции ќе бидат насочени кон компаниите што ќе се занимаваат со преопремување, како и против компаниите кои мораат да го обезбедуваат, проверат и да го сертифицираат Северен тек 2. „Сега Украинците имаат чувство дека се на работ на успех”, пишува весникот.

Новите санкции ќе станат „последната шајка во ковчегот на овој проект”, рече Вадим Гламаздин. Според него, по стапувањето во сила на рестриктивните мерки, нема да има „практична можност” за завршување на гасоводот.

Пред неколку дена, претставник на Северен тек 2 објави дека изградбата на гасоводот ќе продолжи на почетокот на декември по пауза од околу една година.

Повеќе од 90 отсто од гасоводот се веќе завршени. Последните 16 километри вклучуваат поставување цевки во рамките на ексклузивната економска зона на Германија, а остатокот – на територијата на Данска.

Треба да знаете
Последни објави