Search

САД побараа од Белорусија да му дозволи враќање на поглаварот на Католичката црква во земјата

 Американскиот државен  секреар, Мајк Помпео, ги повика властите во Белорусија да му дозволат враќање во земјата на Тадеуш Кондрусевич, поглавар на Католичката црква во оваа земја. 

Белоруските власти му забранија на Кондрусевич да ја мине границата по патувањето во Полска, на 31 август. Oва е втор повик на Помпео до Минск верскиот лидер да биде пуштен да се врати дома, по оној на почетокот на септември.

-Поминаа повеќе од 40 денови откако белоруските власти не дозволија враќање назад на државјанин на земјата, католичкиот поглавар Кондрусевич, основано на тоа дека верските лидери не треба јавно да се изјаснуваат против неправдите, изјави денеска Помпео. 

Тој додаде дека акциите на властите сами по себе се неправедни и ја погазуваат слободата на вероисповед. 

-Вероисповедта не е едноставна приватна работа. Ја повикувам белоруската Влада да ја исправи грешката и да дозволи лидерот на Римско-католичката црква во Белорусија, да се врати во својата земја. 

Треба да знаете
Последни објави