Search

САД побараа да се задржи ирански танкер во Гибралтар

Американското Министерство за правда побара ирански танкер да биде задржан  откако Гибралтар се откажа од случајот против екипажот на товарниот брод Грејс 1, запленет во јули крај Гибралтар под сомнение дека превезувал нафта во Сирија.

„Министерството за правда на САД поднесе барање за заплена на танкерот врз основа на бројни обвинувања, што сега се разгледуваат. Случајот ќе се врати во Врховниот суд во Гибралтар во 16 часот”, се вели во соопштението на владата.

Иранскиот нафтен танкер запленет од британските маринци надвор од брегот на Гибралтар на 4 јули под сомнение за кршење на санкциите на Европската унија (ЕУ) за транспорт на сурова нафта во рафинеријата на сириската Баниас требаше да биде пуштен за неколку часа откако  Гибралтар се откажа од судска постапка.

Врховниот  судија Ентони Дадли јасно стави до знаење дека ирански брод би испловил доколку немаше барање од САД.

Треба да знаете
Последни објави