Search

САД планираат тактички напад врз Иран поради нападот на танкерите

Извори во ОН веруваат дека САД планираат да спроведат тактички напад врз Иран како одговор на нападот врз два танкери за нафта во Оманскиот Залив, за што го обвинија Техеран без да обезбедат веродостојни докази, пренесува РТ.

Дипломатски извори во седиштето на ОН во Њујорк изјавија дека ги проценуваат плановите на САД за извршување на нападот. Тие тврдат дека администрацијата на Трамп од петокот одржува постојани разговори со високи воени команданти и советници на претседателот Трамп, објави „Џерусалем пост”.

Планот би бил САД да започнат воздушно бомбардирање на ирански објект поврзан со неговата нуклеарна програма, тврдат официјалните лица. Еден западен дипломат, наводно, рекол дека бомбардирањето ќе биде со огроменинтензитет, но”ограничено на одредена цел.

Одлуката за воена акција била донесена пред да се појават извештаи дека Иран планира да ги зголеми нивоата на збогатување на ураниумот како одговор на зголемените тензии со Вашингтон. Извори велат дека Трамп не бил расположен за напад, но дека го изгубил трпението и подлегнал на влијанието на државниот секретар Мајк Помпео, кој се залага за воена акција.

Помпео треба да ја посети американската Централна команда во воздухопловната база „Мекдил” во Тампа, Флорида, за разговори околу регионалните безбедносни проблеми и тековните операции. Тој тврди дека Иран е одговорен за нападите врз нафтените танкери, но не понуди никаков доказ за тоа.

Треба да знаете
Последни објави