Search

САД одобрија употреба на два лека против коронавирус во болниците, Трамп ги нарече Божји дар

Американското Министерството за здравство соопшти дека ФДА одобрил лекарите по потреба да им ги пропишуваат тие лекови на адолесценти и возрасни пациенти кои биле хоспитализирани поради „Ковид-19“.

Повеќе земји започнуваат клинички испитувања за дејството на тие лекови врз коронавирусот, откако истражувањето на мал примерок покажал дека лековите можат да бидат ефикасни.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги пофали тие лекови.

„Има големи шанси тие да имаат огромно влијание – рече тој, нарекувајќи ги Божји дар.

Контроверзниот француски доктор Дидиер Раулт, директор на IHU Mediterranee Infection во Марсеј, се залага за употреба на хлорокин во третманот на болеста. Тој поттикна сомневање кај многу други лекари кои предупредуваат дека испитувањето што го извршил на мал број пациенти не е спроведено во согласност со златните стандарди на клиничките испитувања, односно тој, меѓу другото, не користел контролна група на испитаници кои не примаат испитувана активна супстанција.

Треба да знаете
Последни објави