Search

САД одобрија тестирање што го открива коронавирусот за пет минути

САД одобрија брз тест за утврдување дали некое лице е заразено со коронавирусот со кој резултатот се добива за само неколку минути, пишува Блумберг. Abbott Laboratories, компанијата што го дизајнираше уредот, вели дека станува збор за мал и преносен апарат, со големина на тостер и доколку е потребно може да се користи и надвор од болницата.

Производителот на медицински помагала планира да понуди по 50.000 тестови на ден од 1 април, вели Џон Фрелс, потпретседател за истражување и развој на Abbott Diagnostics. Со тестирањето може да утврди дали некое лице е заразено со корона вирус во рок од пет минути, а за 13 минути е можно дефинитивно да се утврди дали некое лице е негативно на вирусот, се вели во соопштението на американската компанија.

Тестот почнува со земање брис од носот или внатрешниот дел на грлото. Раководството на Абот во петокот објави дека добила итно одобрение од Управата за храна и лекови (ФДА) на САД да почне со производство на уредот, пренесе Хина.

Треба да знаете
Последни објави