Search

САД нема да го доведе на „нула“ извозот на нафта од Иран

Претседателот на Иран Хасан Рухани порача дека САД нема да може да го доведе извозот на нафта од Исламската Република на нула.

Овие коментари беа упатени откако Вашингтон најави нови санкции врз иранскиот сектор за енергетика и финансии.

На средба со претседателот на парламентот Али Лариџани и шефот на правосудството Садек Лариџани, претседателот Рухани изјави дека погрешните санкции имаат ефект врз животите на иранскиот народ и дека истите стојат цврсто против нив.

„Кога воведувате санкции врз банките тоа има ефект врз медицината и сличните потреби“, посочи Рухани.

Минатата недела, кабинетот на Трамп соопшти дека времено ќе дозволи трговија со нафта со Иран на осум увозници.

И покрај тоа што од кабинетот на Трамп не ги обелоденуваат имињата на овие осум компании, најголемите увозници на нафта од Иран се очекува да продолжат да се снабдуваат со нафта од Исламската Република, а дел од нив се и Кина, Индија, Јужна Кореа, Турција, Италија, Обединетите Арапски Емирати, Јапонија и Тајван.

Треба да знаете
Последни објави