Search

САД му упатија закана на наследникот на Сулејмани

Хок за саудискиот весник „Ашрак ал-Авсат” кажа дека смртта на Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари во американскиот воздушен напад со дрон  во близина на аеродромот во Багдад, „е празнина која иранскиот режим тешко ќе ја пополни”, пренесува Анадолија.

-Ако и Есмаил Гани го следи патот на убивање Американци, ќе го снајде истата судбина, рече Хок, запрашан за новиот командант на силите „Кудс” и што ќе се случи доколку тргне по истиот пат како Сулејмани.

Хок кажа дека за напади врз Американците или интересите на САД во регионот како одговорни ќе ги сметаат иранскиот режим и силите кои делуваат во негово име.

Треба да знаете
Последни објави