Search

САД му се заканија со санкции на Мексоко поради увозот на руски хеликптери

САД би можеле да воведат санкции за Мексико доколку властите во таа земја решат да купат руски хеликоптери, објави мексиканскиот портал „СДП Нотисијас“, кој се повикува на изјавата на портпаролот на американскиот Стејт департмент, Уго Родригез.

Родригез потврди во Конгресот дека можниот договор за испорака би испровоцирал санкции.

Според америкаскиот дипломат, мексиканската страна е запозната со тој став.

Минатата недела рускиот шеф на дипломатија Сергеј Лавров, по преговорите со својот мексикански колега Марсел Луис Ебрард изјави дека Мексико го разгледува предлогот на Москва за нова испорака на воени хеликоптери.

На 28 јануари беше забележано дека „Рособоронекспорт“ го склучил првиот договор со странски клиент за набавка на најновите хеликоптери за транспорт и слетување „ми-38Т“, но не беа откриени информации за клиентот.

Мексико своевремено купи 50 хеликоптери  „ми-8“ и „ми-17“.

Треба да знаете
Последни објави