Search

САД: Киднапирано девојче успеало да се спаси благодарение на социјалните мрежи

Четиринаесетгодишно девојче, киднапирано од тројца мажи во Северна Калифорнија, успеало да се спаси благодарение на социјалната мрежа „Снепчет“.

Педесет и петгодишниот Алберт Томас Васкез, на девојчето во вторникот му дал супстанци кои ја онеспособиле, а потоа ги повикал Антонио Салвадор и Хедиберт Гонзалес да му помогнат да ја внесат во автомобил, соопшти полицијата.

Васкез сексуално го злоупотребил девојчето во автомобилот, а потоа ја одвел во мотел во Сан Хозе, каде повторно ја злоупотребил, пренесе Си-ен-ен.

Девојчето, сепак, преку социјалната мрежа успеало да ги исконтактира своите пријатели на кои им кажала дека е киднапирана и ги известила за локацијата.

Пријателите повикале полиција која пристигнала во мотелот токму во моментот кога Васкез се подготвувал да замине.

Тој е уапсен поради киднапирање со намера да силува дете, лажно претставување и злоупотреба со користење на супстанции.

Неговите соучесници се обвинети за киднапирање и заговор.

„Снепчет“ е мрежа која им овозможува на корисниците да комуницираат, да испраќаат фотографии и видеа и да споделуваат локации.

Треба да знаете
Последни објави