Search

САД, Канада и ЕУ со нови санкции против Русија

САД, Канада и Европска Унија  денеска ги проширија санкциите кон Русија поради „континуираната агресија врз Украина”, се наведува во најновото соопштение од американскиот Стејт департмент.

Најновиот бран на санкции е поради „руската агресија со запленувањето на три украински воени бродови во Керченски Теснец”во ноември минатата година, при што од руска страна беа задржани десетина украински војници.

– Дополнителни санкции се воведени против три компании во одбранбениот сектор на Русија, двајца поединци кои учествувале во фалсификуваните „избори” во источна Украина под контрола на руски сили и против две градежни компании на Крим, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Исто така се посочува дека „нападот претставува опасна ескалација и повреда на меѓународните закони” и властите во САД ја повикуваат Русија веднаш да и ги врати на Украина запленетите бродови и да ги ослободи задржаните војници, како и дека Керченскиот Теснец и Азовско Море треба да бидат слободни за морска пловидба и транзит до пристаништата во Украина.

– Повикуваме на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, вклучувајќи ги и нејзините морски граници. Пораката е јасна – меѓународната заедница нема да стои настрана додека Русија продолжува со кршење на меѓународните закони. Трансатлантската заедница е обедината во спротистaвување на руската агреасија, се истакнува во соопштението од Стејт департментот.

Треба да знаете
Последни објави