Search

САД и талибанците се пред примирје, тврди американски претставник

– Висок американски претставник изјави денеска дека САД и талибанците се близу до мировен договор што ќе стапи на сила „многу брзо”. Според него тоа ќе обезбеди повлекување на американските сили од Авганистан.

Според извор на американски медиуми, договорот за „седумдневно намалување на насилствата” ќе биде на сила 10 дена по старт на меѓуавганистански преговори.

Тој вели дека договорот „е многу детален” и се однесува за целата држава вклучително и за авганистанските сили за безбедност.

Информацијата е објавена по денешните средби на американскиот државен секретар Мајк Помпео и министерот за одбрана Марк Еспер со авганистанскиот претседател Ашраф Гани на маргините на Минхенскиот форум за безбедност.

Треба да знаете
Последни објави