Search

САД и официјално се повлекоа од СЗО

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го извести Конгрес и Обединетите нации дека САД и официјално се повлекуваат од Светската трговска организација (СЗО), потврди висок претставник на администрацијата за Си-Ен-Ен.

“Конгресот доби информација дека Трамп официјално ги повлече САД од СЗО, среде пандемијата. Тоа нема да ги заштити животите или интересите на Американците, тоа ќе ги остави Американците болни и Америка сама”, напиша демократскиот сенатор Роберт Менедез на Твитер.

Неименуван службеник на Стејт департментот, исто така, потврди за Си-Ен-Ен дека САД  „известувањето за повлекување, што во сила стапува на 6 јули 2021 година, му го доставиле на генералниот секретар на ОН, кој е надлежен за СЗО”.

Писмото упатено до ОН е многу кратко и содржи само три реченици, изјави добро-информиран извор за Си-Ен-Ен. Во него се споменува повлекување во рок од една година.

Трамп во мај го најави повлекувањето од СЗО, незадоволен од нејзините постапки за време на епидемијата на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави