Search

САД и без поскуваниот „дрим тим“ останува главен фаворит на мундо-баскетот

Репрезентацијата на САД која пред стартот на мундо-баскетот се соочи со бројни откази на ѕвездите од НБА-лигата и без посакуваниот „дрим-тим“  остана главен фаворит за одбрана на титулата светски првак. Како главен конкурент на САД кој би можел да им ги расипе есапите е селекцијата на Србија, а потоа следува составот на Грција.

Ваквиот редослед според квалитетот на учесниците  на СП кое ќе почне од 31 август и ќе трае до 15 септември во Кина го направи Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА). Според ова рангирање покрја водечката тројка во топ 10 се најдоа и Шпанија , Франција, Австралија, Аргентина, Нигерија, Литванија и Турција.

Треба да знаете
Последни објави