Search

САД до Турција: Рокот за продажба на „Патриот” измина

САД официјално го повлекоа својот предлог до Турција за продажба на ракетен систем „Патриот” како алтернатива на противвоздушните руски ракетни системи С-400, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на Стејт департментот.

„Постојано и велевме на Турција дека нашиот последен предлог за продажба на „Патриот” ќе биде повлечен доколку прифатат испорака на С-400. Рокот за нашиот предлог за „Патриот” истече, изјавил неименуван дипломат за Си-ен-ен.

Набавката на најновиот руски систем за противвоздушна одбрана ги наруши односите меѓу Турција и САД. Вашингтон побара договорот да биде стопиран. Во декември 2018 година, Стејт департментот ја одобри можната продажба на комплексите „Патриот” на Турција за 3,5 милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави