Search

САД дозволија Израел да ѝ продаде Ф-16 авиони на Хрватска

Aмериканскиот Стејт департмент му одобри на Израел да ѝ продаде на Хрватска борбени авиони Ф-16, откако минатата недела ја блокираше таквата продажба.

Стејт департментот испратил известување до Конгресот за трансфер од трета страна, што се однесува на одобрувањето кон Израел за продажба на борбени авиони Ф-16 во Хрватска, пренесе порталот „индекс.хр“, повикувајќи се на ХТВ.

Претходно, израелски медиуми пренесоа дека САД ја блокирале израелската продажба на користени борбени авиони Ф-16 во Хрватска, наводно зошто владата на претседателот Доналд Трамп била гневна бидејќи Изрел додал зајакнати екетронски системи од израелско производство на авионите Ф-16С, само со цел да ја убеди Хрватска да ги купи.

САД сметале дека Израел профитирал на нефер начин, бидејќи авионите се од американско производство и не било предвидено да бидат продадени на трета страна без одобрение на земјата која што ги произвела.

Грција, Јужна Кореја, Шведска и САД исто така и понудија на Хрватска воени авиони за да ги замени застарените МИГ-21С од руско производство.

Треба да знаете
Последни објави