Search

САД доделија речиси 400 милиони долари дополнителна хуманитарна помош за Сирија

САД денеска на донаторската конференција за помош на Сирија и регионот, која по третпат се одржува во Брисел, ветија дополнителни 397 милиони долари хуманитарна помош како дел од планот на ОН за помош на бегалците за оваа и наредната година, соопшти Стејт департментот.

Со ова, вкупната хуманитарна помош на САД за Сирија и деловите од регионот зафатен од конфликтот од почетокот на кризата изнесува 9,5 милијарди долари, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

-Оваа помош ја отсликува силната решеност на САД да обезбедат животно важна поддршка за народот на Сирија загрозен од конфликтот. САД изразуваат задоволство до сите страни кои пружаа и се уште даваат помош, нагласи Стејт департментот.

Помошта се распоредува преку Вискиот комесаријат за бегалци и Детскиот фонд на ОН (УНХЦР и УНИЦЕФ), преку Меѓународната организација за имиграција (ИОМ), и преку други невладини организации и агенции.

Со најново ветенета помош само за Сирија, САД имаат дадено вкупно 4,5 милијарди долари, за Либан 2,1 милијарди долари и за Јордан, 1,3 милијарди долари. За делот на Турција зафатен од конфликтот, САД досега имаат дадено 814 милиони долари хуманитарна помош, за Ирак 376 милиони долари и за Египет 182 милиони долари, а за остантиот дел од регионот речиси 26 милиони долари.

Хуманитарната помош преку овие агенции им е доделена на речиси 12 милиони луѓе во Сирија и на речиси 5,7 милиони бегалци во регионот, а се состои од храна, засолниште, обезбедување на санитарни услови за живот и чиста вода, медицинска нега, образование и друга помош.

Дел од помошта е наменета за семејствата и заедниците во регионот кои понудиле престој и сместување на бегалците. 

Треба да знаете
Последни објави