Search

САД го стави Пакистан на листата „земји кои будат посебна вознемиреност“

Американската влада го стави Пакистан на својата листа на земји кои извршиле најсериозни прекршувања на верските слободи.

Државниот секретар Мајк Помпео рече дека го додал Пакистан на листата на „земји кои будат посебна вознемиреност” во однос на заштитата на слободата на вероисповед.

Претходно, Пакистан беше вклучен во посебна листа на земји под надзор на верската слобода. Со новото рангирање на Пакистан можно е на земјата да и бидат маложени санкции од САД.

На „црната листа” се и Кина, Еритреја, Иран, Мјанмар, Северна Кореја, Судан, Саудиска Арабија, Таџикистан и Туркменистан. Тие се обвинети за системски, постојани и значајни прекршувања на верските слободи.

Претходно, Узбекистан беше идентификуван како нарушител, но Помпео го стави на другата листа, на земји под надзор, на која се и Русија и Коморските Острови.

Треба да знаете
Последни објави