Search

САД ги укина санкциите против руските „Русал“, „Ен +“, но Дерипаска останува на црната листа

Министерството за финансии на САД официјално ги укина санкциите против руските компании „Русал“, „Ен + Груп“ и „ЕуроСибЕнерго“, нагласувајќи, сепак, дека рускиот бизнисмен Олег Дерипаска, иако го намалил својот директен и индиректен удел во овие компании и ја прекинал контролата над нив, ќе остане на црната листа, пренесува „Гардијан“.

Компаниите, исто така, се согласија со невидена транспарентност за финансиите во своите операции преземајќи обемни, тековни ревизорски контроли, сертификации и поднесувајќи ги бараните извештаи”, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

Вашингтон ги воведе санкциите во април 2018 година, насочени кон рускиот бизнисмен Олег Дерипаска, меѓу другите, и кон компаниите во кои тој поседува акции, вклучувајќи го и рускиот алуминиумски гигант „Русал“ и „Ен + груп“. Откако тајкунот го намали својот удел во компаниите, администрацијата на Трамп предложи да бидат отстранети мерките во декември.

Европските претставници во САД ги поддржаа плановите, велејќи дека ќебидат спасени илјадници работни места и ќе биде спречена сериозната штета на алуминиумската индустрија

Треба да знаете
Последни објави