Search

САД ги продолжуваат разговорите со Турција за тампон-зона во Североисточна Сирија

САД ги продолжуваат разговорите со Турција за создавање тампон-зона во Североисточна Сирија по повлекувањето на американските војници од оваа област, изјави во вторникот заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент, Роберт Паладино.

Ние сме активно ангажирани со Турција во врска со ова, и тоа е дел од нашите напори за да се осигура безбедно повлекување на силите на САД и стабилизирана Североисточна Сирија. Нема да влегувам во детали за специфичностите на овие разговори, но ќе посочам дека тие продолжуваат”, рече Паладино.

Паладино, исто така, ја потврди решеноста на Вашингтон да ги повлече американските воени сили од Сирија.

“Како што претседателот Трамп велеше од самиот почеток, САД ќе ги повлекуваат своите сили од Сирија на начин кој е планиран и координиран и ќе продолжиме да работиме заедно во борбата против Исламска држава, но во моментов немаме временски рамки за кои треба да разговараме”, рече тој.

Минатата недела во Вашингтон се одржаа низа средби меѓу американски и турски официјални претставници на кои се разговараше за создавање безбедносна зона од градот Јарабулус, на западниот брег на Еуфрат , до граничниот премин Фиш Кабурна тромеѓето меѓу Сирија, Турција и Ирак.

На 14 февруари американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја уништи Турција економски ако ги нападне Курдите во регионот по повлекувањето на американските сили од Сирија. Тој, исто така, рече дека Курдите треба да се воздржат од провокации против Турција и посочи дека во северна Сирија треба да се формира тампон-зона од 32 км.

Треба да знаете
Последни објави