Search

САД ги купија сите залихи на ремдесивир

Сите залихи на лекот ремдесивир, кој е еден од ретките што покажа позитивни резултати во лекувањето на коронавирусот, се откупени од страна на САД. Во следните три месеци, лекот нема да биде достапен за ниту една друга држава.

Лекот кој го произведува фирмата Гилиад досега имаше ефекти во лекување на пациенти заболени од коронавирус и во нивното побрзо закрепнување. Првите 140,000 дози од лекот веќе се потрошени. Администрацијата на Трамп ги откупи следните 500,000 дози, што е всушност целото производство на Гилиад до крајот на септември годинава.

Лекот ремдесивир беше наменет за лекување од вирусот Ебола, но се покажа неуспешен. Гилиад одлучи да ја понуди терапијата со лекот на пазарот по цена од 2,300 долари за пациент, што предизвика остри реакции кај експертите и политичарите во САД и други земји.

Треба да знаете
Последни објави