Search

САД во 1/8 финале со голот на Пулишиќ против Иран, Англија без милост за Велшаните

Англиската репрезентација го победи и го елиминираше Велс од Мундијалот во Катар. Откако во првиот дел не успеа да го „скрши“ отпорот на Велшаните, иако имаше многу шанси, сепак, во вториот дел со два брзи гола во 50. и во 52. минута Англија дојде до предност.

 

Рашфорд од слободен удар погоди во мрежата на Велс за водство, а потоа Фоден донесе 2-0. Во 69. минута Рашфорд постигна и втор гол и така ги постави конечните 3-0.

Во 77. минута Англија имаше голема шанса преку Белингем и Фоден, но не успеа и четврти пат да го најде патот до мрежата.

Американците подобро го отворија мечот и од стартот создадоа неколку добри шанси. Добрата игра САД ја круниса со гол на Пулишиќ во 38-та минута, кој се повреди при постигувањето на голот.

Иран во вториот дел фрли се на една карта да дојде до реми, резултат, кој го водеше во следната фаза. Меѓутоа Американците добро се бранеа, а Иран не успеа да ги реализира своите шанси.

Треба да знаете
Последни објави