Search

САД во декември испраќаат педесетина милиони барели нафта за Азија

Флота од околу 20 танкери со американска нафта биле закупени само во декември да превезат педесетина милиони тони нафта од Мексикански залив во Кина, Јужна Кореја, Сингапур и други азиски земји, јави Блумберг.

Пловилата биле закупени од Vitol Group, Litasco SA, Unipec и други нафтени компании. Станува збор за супертанкери од кои секој може да превезе до 2 милиони барели нафта.

Според Блумберг, танкерите заминуваат за Азија поради зголемената побарувачка за нафта по брзото закрепнување на економиите на овие земји после кризата со коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави