Search

САД би можеле да ја укинат цела помош за БиХ

– По предупредувањето на заменик директорката на УСАИД, Бони Глик дека САД ќе мораат да ја укинат цела помош за БиХ, доколку власта не е способна да го реши прашањето околу трговијата со луѓе, босанската јавна обвинителка Гордана Тадиќ денеска свика итен состанок со Групата за борба против трговија со луѓе и илегалните миграции.

Групата ја сочинуваат официјални претставници на сите безбедносни служби и агенции за спроведување на законите во БиХ.

Укинувањето на помошта за БиХ, што би се случило првпат во повоениот период, многу би влијаело на вкупната американска поддршка за таа држава во рамки на евроатлантските интеграции.

Исто така, сараевскиот портал Кликс пишува дека ќе се почувствуваат последици и кога станува збор за соработката меѓу БиХ и САД во борбата против тероризмот и безбедноста.

Според сознанијата на порталот, годинешниот буџет на САД за БиХ изнесува 41,5 милиони долари, а тој во најголем дел се имплементира преку УСАИД. Токму тие средства би можеле да бидат укинати. Вкупната помош на САД преку УСАИД во повоениот период па досега изнесува 1,8 милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави